earth_and_moon

Земјата има магнетно поле кое ја штити од сончевите зрачења и го прави постоењето на животот возможно. За да го одржува ова магнетно поле потребни се радиоактивни елементи (калиум, ториум, ураниум и сл.) во земјиното метално јадро кои емитираат топлина. Ваквите елементи брзо и лесно прават кислородни комбинации, но така стануваат полесни и би требало да се качуваат кон површината на Земјата, а не да останат во јадрото. Дополнително, тие не се „трпат“ со железото, од кое е направено јадрото.

Ова би значело дека нема начин како земјиното јадро да остане со сегашниот состав, а да создава електромагнетно поле, но на научниците им текнало едно можно објаснување. Имено, ако во составот на јадрото постојат редуцирани сулфиди (сулфурни соединенија кои немаат кислород) тие би овозможиле радиоактивните елементи да се „трпат“ со железото. Прашањето кое се поставува е следното. од каде и` на Земјата редуцирани сулфиди?

Можното објаснување кое го даваат истражувачите е дека рано во својата историја Земјата проголтала тело налик Меркур, кое било полно со сулфур, а со многу малку кислород. Ова тело било слично по составот со Меркур, но било големо колку Марс. Ваквиот космички настан може да биде и потенцијално објаснување за настанувањето на Месечината, која можно е да се одвоила од Земјата при таквиот судар.

Таквата комбинација овозможила активно магнетно поле кое трае 3,5 милијарди години и кое овозможило да се развие живот базиран на јаглеродни соединенија на Земјата. Воедно, дава објаснување за настанокот на Месечината, па ќе продолжиме да ја следиме оваа теорија за нејзино потврдување или побивање.

Извор: Phys.org, RT, Space

Претходна статијаSamsung: Висока побарувачка за Galaxy S6
Следна статијаБезбедносен систем за автомобил кој го следи вашето лице и тело за да избегне незгода