Apple ги направи достапни апликациите од нивните платформи преку веб страна, односно од компанијата конечно пуштија веб верзија од нивната позната App Store. 

Корисниците преку оваа страна ќе можат да ги разгледуваат, пребаруваат и споделуваат апликациите, а тоа досега можеа да го прават само преку уредите од Apple. 

На страната од App Store апликациите можат да се разгледуваат според истите категории кои се достапни на iPhone, на пример, а може да се изберат и различни достапни платформи, како iPhone, Mac, iPad и другите. 

Од тоа што може да се види, барем во оваа верзија, апликациите не се прикажуваат според локацијата на корисникот, па прикажани се и апликации кои не се достапни во нашата земја. 

Како и да е, достапноста на App Store преку веб овозможува подобро пребарување за достапните апликации, а посебно кога корисникот барем во моментот нема Apple уред.