Фото: Zorin

Пред околу две недели, односно точно на денот кога заврши официјалната поддршка за Windows 10, Zorin ја пушти најновата верзија од нивната Linux дистрибуција, Zorin OS 18. 

Zorin OS е една од неколку доста познати дистрибуции кои им се препорачуваат на Windows, како и другите „обични“ корисници, како доста едноставна за користење, со доста сличности со Windows, како и редовна поддршка.

Очекувано, Zorin OS е направен на основа на Ubuntu, а некои од најпознатите дистрибуции ја одбираат оваа практика. 

Zorin OS 18 доаѓа со низа на новини кои треба да го направат уште попривлечен за корисниците. 

Како за почеток, системот добива освежување на корисничкиот интерфејс, со подобри бои и нијанси, како и заоблени делови. Посебно се истакнува долната лента која е заоблена на сите страни, проѕирна до одреден степен и остава впечаток како да лебди. 

Подобрувања има и кај Files апликацијата, Settings, Calendar, Camera и Evolution имејл клиентот. 

Zorin OS 18 добива и слично на Windows поставување на прозорите на различни страни од екранот, а тука е и интеграцијата во системот за веб апликации, како и интеграцијата со OneDrive.

Дека целната група на Zorin OS 18 се Windows корисниците може да се види и преку посебната презентација на Wine алатката која овозможува инсталација на голем број од Windows апликации и игри на Linux. 

Целосната листа на новини кај Zorin OS 18 можете да ја погледнете на официјалната објава тука, а уште подобро, можете да го погледнете и видеото од одличниот Кристофер Барнат и неговиот канал „ExplainingComputers“. 

ИЗВОРZorin
Претходна статијаBrave открива неколку безбедносни ризици поврзани со новите ВИ прелистувачи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.