microsoft-band-2

Windows 10 настанот на Microsoft беше феноменален. На него се претставија еден куп нови производи кои не` импресионираа сите со нивните карактеристики и способности. Покрај најзначајните производи на настанот како првиот Microsoft лаптоп, нови изданија на Surface Pro 4, нови телефони од Lumia серијалот, тие ја претставија и новата верзија на нивната алка.

Тоа е Microsoft Band 2 која е сега заоблена. Поради ваквата смена во дизајнот таа подобро ќе лежи на раката. Во неа има GPS, сензори за при спиење и спортување, монитор на УВ зрачење и барометар, жироскоп и сензори за следење на срцето и потрошувачка на калории. Воедно, алката работи со Windows Phone (Windows 10), Android и iPhone преку Bluetooth.

OLED екранот е исто така подобрен од претходната верзија, па сега е поосетлив на допир, а воедно заштитен со Gorilla Glass 3 што ќе помогне во заштита и одбегнување на гребаниците кои знаат често да се создадат „од никаде“ на вакви уреди кои се користат за спортски намени.

Дополнително, во Band 2 е интегрирана Cortana (секако) и нејзе можете да ја користите како што би ја користеле на телефонот или компјутерот. За алката можете да симнете таканаречени „Подпомогнати тренинзи“ (Guided Workouts) кои потоа преку нејзе ќе ви кажуваат што да правите во кој момент и ќе ги следат количеството на калории потрошени и повторувања направени. Исто така можете да го одберете ниво на тежина, траење и фокус на вежби, а на крајот добивате извештај за постигнатото и напредокот.

Band 2 изгледа како одличен уред кој засега ќе биде недостапен само заради цената – 250 долари. Ако сте фитнес ентузијаст оваа алка е една од одличните избори засега во самиот врв на понудата.

Извор: Windows Central, ZDNet

Претходна статијаШансите за град на Марс бледи, според Ману Саадиа
Следна статија(Обновено) Кои би биле алтернативните копчиња на веќе старото Facebook Like?