1933696_10150114361399787_189930_o_edited

Facebook тестира нов алгоритам кој што е во можност да ве препознае во фотографиите дури и кога на нив го нема вашето лице или истото не е баш јасно прикажано. Овој алгоритам е развиван од страна на секторот за вештачка интелигенција во Facebook на чело со Yann LeCun.

Начинот на кој што овој алгоритам успева да ве препознае и без вашето лице е преку останатите знаци кои што можат да идентификуваат една личност. Тие знаци ги вклучуваат вашата фризура, облека, форма на телото, поза, односно држење на телото и слично.

„Има многу знаци кои што ги користиме. Луѓето имаат карактеристични аспекти, дури и кога ги гледате од задната страна. На пример, можете многу лесно да го препознаете Mark Zuckerberg затоа што тој секогаш носи сива маичка“ – изјави Yann LeCun за New Scientist.

За време на тестирањето на алгоритамот биле употребени повеќе од 40.000 јавни слики од Flickr кои што вклучувале слики со јасно прикажани лица, како и слики каде што лицата не се прикажани.

Точноста во препознавањето моментално е на 83%, што може да се каже дека е прилично добра, со оглед на целта за давање предлози на корисниците.

Facebook веќе користи алгоритам за препознавање на лицата во фотографиите, нешто што треба да го олесни нивното означување при споделувањето на голем број на фотографии со повеќе личности на нив.

Исто така, се очекува ваквата технологија да се најде како навистина корисна за одредени апликации од компанијата како што е новата Moments, која што моментално не е достапна за европските корисници токму поради ваквите технологии кои што се сметаат и како закана за приватноста на луѓето.

Развојот на ваквите технологии дефинитивно може да се каже дека носат напредок во многу области од кои што имаат користи крајните корисници. Сепак, тука треба да се земе во предвид и користа која што ја има и другата страна која што не знаеме дали ја злоупотребува позицијата која што ја има, собирајќи ги сите овие податоци за корисниците.

Извор: New Scientist

Претходна статијаGoogle со своја нараквица за следење на здравјето
Следна статијаMicrosoft спрема четири нови Lumia телефони?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.