Facebook минатиот месец претстави посебна верзија од својата апликација за Android, наменета за евтините уреди кои што доаѓаат со послаби перформанси, а често и со бавна интернет конекција. Оваа верзија, наречена Facebook Lite, не е достапна за сите корисници, односно барем за сега ќе биде достапна за неколку земји како Непал, Нигерија, Бангладеш, Јужна Африка и слични.
Facebook Lite во основа е апликација која што ја овозможува веб верзија од мрежата, меѓутоа полесно пристапна. Исто така, апликацијата вклучува и систем за нотификации, па сепак на корисниците им нуди нешто повеќе од користење на Facebook директно преку нивниот мобилен прелистувач.
Како што кажува и самото име, апликацијата е многу поедноставна и зима многу помалку ресурси од главната апликација. Facebook апликацијата обично зима околу 30 MB кога ќе биде инсталирана, додека Lite верзијата помалку од 1 MB.
Поради тоа што Facebook Lite не е достапна освен за горенаведените земји, истата не може да биде симната од Play продавницата. Доколку сепак би сакале да ја пробате и да видите дали истата е подобро решение за вашиот телефон, тоа може да го направите преку мануелно инсталирање.
Апликацијата, односно apk фајлот од истата е достапен преку следниот линк, по што можете да ја инсталирате надвор од Play продавницата. За да можете истото да го направите, потребно е да го дозволите инсталирањето на апликации надвор од продавницата, нешто што ќе биде побарано при отворање на фајлот.
Извор: Cnet