xbox-music-onedrive

Покрај постоењето на повеќе радио сервиси, сите од нас имаме наша приватна колекција од песни кои што ги чуваме на компјутерите. Често оваа колекција, односно барем дел од неа се префрла на мобилниот телефон за слушање кога сме надвор.

Од оваа недела Microsoft овозможи корисниците своите музички фајлови да ги чуваат во OneDrive, по што истите ќе бидат автоматски достапни за слушање преку Xbox Music апликацијата достапна на повеќе платформи. За таа цел се креира нова папка наречена Music, а сите mp3, wma или m4a (aac) фајлови кои што ќе бидат ставени во неа, ќе се прикажат во Xbox Music.

Сите додадени фајлови ќе бидат достапни преку музичката апликација, но нема да бидат симнати на уредот. Тие ќе може да се стримуваат преку интернет, но постои и можноста за нивно симнување на уредот.

Фактот што песните нема да бидат достапни на уредот бара трошење на интернет лимитот на мобилниот пакет, меѓутоа во денешно време тие стануваат се поголеми. Од друга страна ова може да е погодно за уредите кои што немаат доволно простор за складирање, па вака вашата музичка колекција ќе ви биде достапна во секое време.

Како и сервисот за стриминг на музика од Xbox Music, така и оваа функција нема да биде достапна за сите корисници во светот. Сепак доколку ја сметате за корисна и би сакале да ја користите, се што треба да направите е да го промените регионот на вашиот уред во некоја од поддржаните земји.

Ставањето на фајловите може да се направи преку OneDrive апликациите, како и преку веб. Песните потоа ќе бидат достапни преку веб, Windows Phone, Xbox, како и на друг PC.

Извор: Windows Central, Xbox Music

Претходна статијаSpeck – Монитор за домашното воздушно загадување
Следна статијаБесплатната надградба на Windows 10 од постара пиратска верзија сепак неофицијална
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.