Фото: Shutterstock.com

Веќе е познато одложувањето на понапредната верзија од Siri, која треба да биде засилена со генеративна вештачка интелигенција и големи јазични модели. Оваа верзија беше презентирана минатата година, а требаше да стане достапна од оваа пролет, но дојде до одложување од една година. 

Напредната верзија од Siri треба да добие „свесност“ за што е тоа што корисникот го гледа во моментот на екранот, да ги памети преференциите на корисникот, како и да може да ги контролира апликациите. 

Очекувањата се дека Apple до идната пролет, односно со пуштањето на iOS 26.4 верзијата конечно ќе успее да ја пушти оваа верзија од Siri, а со тоа да дојде на нивото на конкурентите. 

Сепак, според информации кои ги има Марк Гурман, вработените кои работат на развојот, а и имаат пристап до тест верзиите, наводно искажуваат грижи за плановите. 

Повеќе информации не се истакнати, па не е познато кои се причините за овие сомневања, но можеме да претпоставиме. Apple изминатиот период изгуби повеќе директори и вработени кои работат на развојот на Siri, па не би било чудно развојот на потребните способности сѐ уште да не е на посакуваното ниво. 

Гурман истакнува дека иако засега корисниците не реагираат негативно на доцнењето со ВИ развојот, а iPhone и другите производи се продаваат одлично, во годините што следат тоа може да се промени. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаКристално јасно, живописно и безбедно: Samsung QLED телевизорите поставуваат нов стандард за домашно гледање
Следна статијаАтлантик Група: Значаен раст на продажбата, профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.