fblite_hero

Facebook Lite е апликација наменета за земјите во развој, поточно за корисниците кои што немаат добар мобилен интернет пристап, како и паметни телефони со добри компоненти. Тоа обично за нив значи дека главната Facebook апликација не може да функционира како што е замислена.

Оваа „лесна“ верзија од Facebook, како што кажува и самото име, доаѓа со основните функции и е направена да биде многу поедноставна и без непотребни дизајн детали и анимации, како и функции. Нејзината големина е само 1 мегабајт, во споредба со 30-те мегабајти на стандардната апликација. Ова, како што истакнуваат од Facebook, ќе им овозможи на корисниците многу лесно да ја симнат и инсталираат на нивните уреди.

FBLite-screens

Инаку Facebook Lite ќе им овозможи на корисниците да ги користат главните функции на Facebook, а ќе бидат вклучени и нотификациите.

Facebook Lite постепено ќе станува достапна во неделите што следат за одредени земји во Азија, како и Латинска Америка, Африка и Европа.

Апликацијата е достапна за корисниците на Android платформата и нема најава за достапност на истата на други платформи.

Извор: Facebook