Facebook Notes, функција на социјалната мрежа која што порано се користеше за објавување на нешто подолги објави кои што не ги „собираше“ како обичен пост на главната страна, во денешно време може да се каже дека и воопшто не се користат.
Корисниците сега имаат можност да прават прилично подолги објави, па тоа што имаат да го кажат можат слободно да го кажат преку обичните постови.
Откриено од страна на програмер, Facebook на многу мала група на корисници тестира нов формат на Notes. Од тоа што може да се види, новиот формат е направен да изгледа како блог платформа, па станува јасно дека Facebook сака да дополнително да го зголеми своето влијание во објавата на содржина.
Новиот формат на Notes вклучува поголем простор за текстот кој што е и поголем и ставен на централно место, поголем централен наслов, како и голема насловна слика.
Веќе може да се прочитаат коментари дека со ова Facebook влегува во конкуренција со Medium, платформа која што се покажа како доста популарна кај новинарите и други луѓе кои што сакаат да објават нешто.
Иако корисниците имаат повеќе места каде што можат да се изразат, воопшто не би било чудно Facebook да се покаже како популарно место и за ваква намена.
„Тестираме надградба на Notes со цел да им олесниме на луѓето да креираат и читаат подолги објави на Facebook“ – изјавил претставник на Facebook за The Verge.
“We’re testing an update to Notes to make it easier for people to create and read longer-form stories on Facebook,”