Доколку не можете да се сетите, Notes во Facebook се користеа порано за објавување на подолги текстови, во главно поради ограничувањето кое што постоеше за обичните објави. Сепак, покрај простор за наслов и подолг текст, Notes не им нудеше на корисниците ништо дополнително, па по зголемувањето на лимитот на обичните објави, корисниците во главно престанаа да ги користат.
Како што можевме да прочитаме минатиот месец, Facebook тестираше промени во форматот на Notes кој што треба да ги направи повеќе налик другите платформи за блогирање. Промените тогаш воведени за мала бројка на корисници, од пред неколку дена се пуштени за сите корисници. Креирањето на белешките е исто како и порано, односно истото се прави преку Notes делот во вашиот профил.
Новиот формат на Facebook Notes вклучува можност за додавање на насловна слика која што се простира на целата ширина од објавата која што како и порано е претставена на посебна страна. Покрај тоа, при креирањето на белешките сега ја имате можноста за поставување на слики со наслов на истите, како и промена на нивната големина. Текстот во белешките исто така добива поголема можност за прилагодување, па истиот ќе може да се направи во форма на поднаслов, цитат и набројување.
Со овие промени Facebook Notes добива изгледа кој што во главно може да се види на блоговите. Корисниците кои што имаат што да кажат можеби со оваа промена ќе почнат почесто да ја користат оваа социјална мрежа, наместо да креираат посебен блог.
На следната слика можете да ја видите разлика помеѓу стариот и новиот формат на белешките.
Извор: Facebook