Изминатите години, кога веќе не остана човек кој што нема Facebook, скоро се од нашиот живот го ставаме за да го видат нашите пријатели. Ова посебно важи за младите и поновите корисници, кои што на нивните профили имаат по стотици, па некогаш и илјадници слики.
Новите родители, покрај нивните слики, на нивните профили ставаат и доста слики од нивните деца. Овие слики иако може да бидат поставени во еден албум, често се разместени во разни поради времето на сликање и слично.
Од Facebook, по анкетирање на повеќе корисници родители, претставија нова функција која треба да го олесни организирањето на сликите од децата. Функцијата е наречена Scrapbook, односно бележник или споменар, зависно кој како го нарекува.
Функцијата на почеток ќе биде достапна за корисниците на САД преку веб, Android и iOS. Кога ќе биде достапна за остатокот во светот не е нагласено, што сигурно зависи од популарноста во наредниот период.
Scrapbook им овозможува на родителите да ги организираат сликите од нивните деца, а тие ќе бидат прикажани во посебен албум наменет само за нив. Децата можат да ги означуваат со кое име сакаат, а истото можат да го направат само тие. Поточно, за да вториот брачен партнер може да има контрола на означувањето и споделувањето на албумот, потребно е да биде ставен како таков во делот од профилот наменет за тоа.
Албумот може да остане приватен, а исто така може да биде споделен со пријателите. Тие може да се претплатат на албумот, па да ги добиваат сите нови објавени работи.
Кога ќе се земе во предвид бројот на слики со деца на Facebook, може слободно да се каже дека беше само прашање на време кога од компанијата ќе направат нешто посебно за овие корисници. Во продолжение можете подобро да видите како ќе функционира Scrapbook.
Извор: Facebook