promotions-view-signup

Доколку сте редовен корисник на Gmail сигурно ги имате забележано, па и да не ги користите, новите ленти (tabs) кои што прават групирање на вашите пораки. Оваа промена е воведена минатата година и ги вклучува лентите Примарни (Primary), Социјални (Social), Промоции (Promotions), Информации за надградби и новости (Updates) и Форуми (Forums).

Овие посебни ленти се направени со цел да ви помогнат во организирањето на пораките, а се разбира можете да ги исклучите и да го користите само стандардниот Inbox. Google тестира додатна функција за овие ленти, поточно за лентата за промоции, која што треба да овозможи полесно организирање, а посебно прегледување на ваквите пораки. Во лентата за промоции, како што кажува и самото име се ставени пораките во кои што се промовира одреден производ, понуди, зделки и слично. Како што истакнуваат од Google, овие пораки обично содржат слики, а стандардниот начин на нивно прикажување во сандачето не е најдобар што би можел да биде. Така, наместо едноставно прегледување низ повеќе наслови од пораки, овие пораки ќе бидат прикажување во форма на мрежа од слики, покрај насловот на пораката. Така корисниците промотивните пораки ќе може да ги разгледуваат во форма слична на мали флаери и многу полесно да ги откријат промоциите кои што ги интересираат. Прегледот на пораките ќе може да се менува од стандарден во мрежа по желба на корисникот.

Field_Trial

Оваа нова функција на Gmail е во тест фаза, па нема автоматски сеуште да биде вклучена за сите корисници. Доколку сте заинтересирани да ја пробате, можете да се пријавите преку следниот линк g.co/gmailfieldtrial, но како што ќе видите на оваа страна, бројот на корисници кои што ќе може да се приклучат е ограничен, па можно е да не ви биде доделен тест пристапот. Доколку ви е одобрен пристап до тест функцијата ќе бидете информирани за тоа преку порака. Исто така можноста за пријавување не е достапна за корисниците на локализирани адреси различни од @gmail.com, како и за корисниците на платениот сервис Google Apps.

Извор: Gmail Blog

Претходна статијаДемо од новиот Windows Phone 8.1 со сите негови нови функции
Следна статијаSony Digital Paper ја заменува обичната хартија со дигитална
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.