Иако Facebook никако да ги мотивира корисниците да ги користат Stories на нивната мобилна апликација, овие „приказни“ се можеби најпопуларното нешто на Instagram од претставувањето на самата друштвена мрежа.

Како и не би биле. Корисниците добија можноста да објавуваат слики или видеа, со можности истите да ги „нашминкаат“ со додатни ефекти, а истите исчезнуваат после 24 часа, што некако додава на тоа колку се интересни.

Камерата како главен софтверски дел во Stories веќе има неколку режими, меѓу кои Boomerang е прилично интересен. Со овој режим на снимање корисниците добиваат можност да краткото видео се повторува, добивајќи еден вид на gif ефект.

Најновиот додаток на Instagram камерата е наречен Superzoom и може да се каже дека е уште поинтересен и од Boomerang.

Она што го прави Superzoom, а може и од самото име до некаде да се претпостави, е снимање на кратко видео како во случајот на Boomerang, меѓутоа во овој случат видеото прави брзо зумирање на објектот којшто е во преден план. За работите да биде уште поинтересни, Instagram автоматски додава „драматичен“ звучен ефект на видеото.

Како и обично, достапноста на новите работи во апликациите не се случува веднаш, па сигурно ќе треба да почекаме некој ден за надградбата на апликацијата да дојде до нашите уреди и да почнеме да објавуваме „драматични“ Instagram Stories.

Извор: Instagram, The Verge