Од 10 февруари 2026 година ќе престанат да функционираат додатоците за веб страните кои овозможуваат „лајкувње“ и коментирање на статиите на Facebook. Ова го објавија од Meta, а одлуката во основа доаѓа поради слабото користење на овие копчиња кои беа претставени во друго време, односно начин на користење на интернетот.
Сопствениците на веб страните нема да мораат да направат ништо поради оваа промена, но слободно можат да ги тргнат додатоците од кодот или од нивниот систем за менаџирање на содржина.
На местото на копчињата ќе остане само кодот, односно нема да се прикажува ништо, а пикселот ќе биде невидлив. Тоа значи дека откажувањето на копчињата нема да направи проблем со веб страните и нивното функционирање.

















