Во изминатите година дена Microsoft направи повеќе работи за да го унапреди Office Online сервисот кој што овозможува бесплатно користење на помали верзии од Word, Excel и PowePoint преку вашиот прелистувач. Тие го ребрендираа сервисот, направија посебна страна за негово пристапување, ги зголемија достапните функции и многу повеќе.
За неколку недели, како што истакнуваат од компанијата преку нивниот блог, корисниците на Word и PowerPoint Online ќе ја добијат можноста за разговарање додека во исто време работат на еден документ со другите луѓе. Како што би очекувале, позадината за системот за разговори кој што е наречен document chat е од Skype, со што се овозможува продолжување и пристап до разговорите преку сите уреди на кои што ја имате инсталирано оваа апликација.
Разговорите преку Skype на веб не се нешто ново, односно ваков начин на можност за разговор веќе е достапен преку Outlook.com и OneDrive. Зошто можноста за разговори не е додадена на Excel и OneNote Oneline не е познато. Сепак, мислам дека може да е очекува додавање на поддршката после одреден период.
Office апликациите и генерално можноста за соработка преку еден систем е нешто за кое што постои голема конкуренција. Microsoft во последно време работи активно на задржување на популарноста на нивниот Office пакет на програми, апликации и сервиси.
Google веќе одреден период овозможува разговори помеѓу луѓето кои што работат на истиот документ преку нивниот Online сервис. Сепак разговорите се достапни само во документите, односно не се интегрирани со Hangouts или слично.
Извор: Microsoft