fbwm_cw_07

Facebook е компанија која што може да се земе како пример за тоа како треба да се работи и по постигнување на голем успех, поточно за негово задржување и во иднина. Оваа социјална мрежа константно добива некои нови функции или подобрување на постојните. Тука се и додатните сервиси достапни преку посебни мобилни апликации, како најпознатата Messenger или новата Notify.

Изминатиот период Facebook направи неколку промени, односно воведе неколку новини на социјалната мрежа со кои што треба да го подобри корисничкото искуство, а и да ја задржи својата популарност.

Заинтересиран за одреден настан

Facebook направи промена која што сигурно голем дел од вас веќе ја имаат забележано. Се работи за можните одговори за настаните, односно замената на „можеби“ со „заинтересиран“. Ова според нас е многу пологичен пристап кој што ќе им овозможи на организаторите подобра претстава за тоа кој може да го очекуваат на нивниот настан.

Искуството има покажано дека повеќето корисници кои што притискаат на можеби, обично не доаѓаат на настаните, па изразот заинтересиран делува како поблизок во тие случаи.

Ова може да се каже дека не решава ништо во нашата земја поради тоа што и корисниците кои што избираат дека ќе присуствуваат на одреден настан, често голем дел од нив не доаѓаат. Со тоа се добива претстава дека притискањето на Going се меша со копчето Like, односно корисниците сакаат да прикажат дека одат некаде, а дали тоа потоа навистина ќе го направат, не е толку важно.

Нови алатки за собирање на средства за непрофитните организации

Facebook се покажа како главно место од каде што се стигнува до луѓето. Со повеќе од 1,5 милијарди корисници, а 1 милијарда од нив активни на дневна база, оваа социјална мрежа е главното место за скоро се.

fundraisers-on-desktop-and-mobile-v21

Непрофитните организации добиваат нови алатки кои што треба да им помогнат во собирањето на средства за разни цели. За таа цел добиваат ново централизирано место за истото, како и можноста за вклучување на „Донирај“ копче на страните и објавите.

Контрола на интеракцијата со поранешните партнери по раскинувањето

Ова мора да се признае е интересен нов додаток кој што може да се покаже како многу корисен за голем број на луѓе. Сепак, Facebook не воведува новини туку така, односно се прават екстензивни истражувања претходно.

Новината која што моментално се тестира на корисниците од САД, овозможува избор на неколку прилагодувања по менувањето на статусот со одредена личност. Тоа значи дека Facebook ќе овозможи корисниците да гледаат помалку објави од својот поранешен партнер, помалку прикажувања на името и сликите, ограничување на тоа што партнерот ќе може да го види од нивните објави, како и можност за избор кој ќе може да ги види поранешните заеднички објави и слично.

facebook-ex-screens

Извор: Facebok 1, Facebook 2, TNW

Претходна статијаMozilla Firefox останува без Tab Groups и целосни теми
Следна статијаСистем за рехабилитација кој работи преку Kinect одобрен од FDA
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.