Vimeo е сервис за споделување на видео содржина и претставува најголемата конкуренција на познатиот YouTube сервис. Како и другите сервис, главната технологија која што се користи за прикажување на видеата е Flash. Меѓутоа веќе одреден период се повеќе сервиси се одлучуваат да се дистанцираат или целосно тргнат од Flash технологијата, посебно по излегувањето на HTML5, поради застареноста и начинот на функционирање што ја прави несигурна и подложна на сигурносни закани.
Како и YouTube, така и Vimeo веќе одреден период тестира прикажување на видеата користејќи го HTML5 стандардот, па корисниците покрај Flash верзијата, може да изберат да ги гледаат видеата во HMTL5. Од минатата недела Vimeo ги прикажува видеата стандардно во HTML5, односно на сите корисници директно ќе им биде пуштена HTML5 верзијата наместо Flash верзијата од видеата. Со преминувањето стандардно на HTML5 од Vimeo изјавуваат дека player-от ќе ги пушта видеата многу побрзо, односно времето на чекање за видеото да започне ќе биде пократко, прикажувањето на видеата ќе биде подобро на различни големини на екрани, односно генерално ќе има подобри перформанси. Видео player-от ќе се отвора побрзо при отворање на веб страната, но и почнувањето на видео содржината ќе биде побрза, што според Vimeo овие активности ќе се извршуваат за половина од времето потребно претходно.
Новиот player ќе овозможи и полесно споделување на видеата на социјалните мрежи, како Facebook и Twitter, функција вградена во player-от. Претходно корисниците за да споделат некое видео на социјалните мрежи потребно беше да го копираат кодот на некоја од нив.