400px-Wikimedia_Foundation_RGB_logo_with_text.svg

Веќе нема некој од нас да не е запознаен со информациите кои што покажаа до кое ниво тајните служби во САД ги следат комуникациите на корисниците од целиот свет. Нешто што порано беше практика наменета само за лица и организации за кои што има основано сомневање дека се дел од некои криминални или терористички активности, а за тоа беше потребно добивање на судски налог, денеска се прави масовно без скоро никаква контрола.

Wikimedia е фондација која што покрај други сервиси, стои зад познатата Wikipedia. Тие заедно со други компании и организации поднесоа тужба против NSA и DOJ (Department of Defense – Министерство за одбрана) против нивното масовно следење на комуникациите. На фондацијата поточно и се придружуваат 8 други организации, а ќе бидат застапувани од страна на Американската Унија за Граѓански Слободи.

Дали тужбата ќе биде прифатена од судот, е една од работите која што ќе биде интересна за следење. За да може да биде прифатена одредена тужба, треба да постои основано сомневање дека тужителот претрпел штета, односно дека постои некаква штета на некоја страна.

Од Wikimedia истакнуваат дека постапките на властите директно прекршуваат неколку членови од уставот со кои што се гарантира слобода на говор, заштита од неосновано следење и пребарување, како и независноста и значењето на судството.

Логиката на Wikimedia може да се каже дека е прилично добра. Можеби тие немаат директна штета, односно не тужат дека тие лично биле следени, меѓутоа биле следени нивните корисници кои што придонесуваат за статиите. Тоа според нив прави да тие бидат уплашени и директно го загрозува концептот на интернетот и принципот на работа на Wikipedia.

Доколку корисниците почнат да се плашат да објавуваат статии кои што се поврзани со нешто криминално или било што друго кое што може да предизвика реакција од одредени групи, излегувањето на ваквите информации се доведува во прашање.

Извор: Wikimedia, The Verge

Претходна статијаТаксисти: „Нелојалната“ конкуренција и перверзијата на еднаквост дел 2
Следна статијаNova Launcher beta доби материјален дизајн
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.