Фото: Shutterstock.com

X, а мислам дека веќе не мора да се кажува поранешен Twitter, официјално ги воведе најавените повици преку мрежата. Корисниците сега ќе можат да прават аудио и видео повици, но очекувано, оваа можност е достапна само за Premium претплатниците.

Иако може да се каже дека на корисниците не им е потребна уште една апликација за повици, сепак за тие кои активно ја користат оваа мрежа, може да е добар начин за комуникација, а посебно доколку истата веќе активно се прави преку пораки.

X апликацијата ќе ги информира сите корисници за новата можност, а веднаш ќе биде понудено и прилагодувањето за тоа кој може да ги добие преку оваа мрежа. Достапни се опции како достапност само за корисниците кои се дел од „именикот“, тие кои ве следат, како и само од верификувани корисници.

Можноста за повици може и целосно да се исклучи, па за тие кои сметаат дека тоа не им е потребно и не би сакале да добиваат повици, тука е и оваа опција.

Една од предностите која се промовираше при најавата на оваа можност беше приватноста поради тоа што корисниците нема потреба да го користат својот телефонски број за комуникација.

Претходна статијаВештачката интелигенција во фокусот на претстојното издание на Конференцијата за е-трговија
Следна статијаСатја Надела на излегувањето на Microsoft од пазарот на мобилни гледа како на стратешка грешка, односно погрешна одлука
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.