X започна со промена на начинот на прикажување на споделените линкови на мрежата, нешто што беше неофицијално најавено во август оваа година, а потврдено од Маск.
Споделените линкови веќе нема да ги содржат сликата, насловот и краток дел од текстот, па корисниците ќе ја гледаат само сликата и главниот домен од страната.
На горниот дел ќе остане можноста за додавање текст, но сега целата објава ќе изгледа многу поедноставно, односно како што изгледаат повеќето објави кои содржат обична слика.
Како главна причина за оваа промена, барем таа што ја истакна Маск при потврдата на истата, е естетиката. Според Маск објавите на мрежата вака изгледаат подобро, а секако ова е прашање на вкус.
Промените не се целосно пуштени, односно истите може да се забележат на веб верзијата од X, за некои корисници и на мобилната апликација, но како што е стандардно, истите ќе бидат пуштени во периодот што следи.
Според некои, оваа промена оди во правец на „мотивирање“ на корисниците да објавуваат директно на мрежата, а не да споделуваат линкови, но не сум сигурен дали тоа е точно.