Идејата за подводен град и подводно живеење не е нова. Веројатно повеќето луѓе некогаш им залетала некоја луда мисла која ги направила да замислат живеење под вода. Оваа желба делумно и за момент ја остваруваме преку гњурење или гледање на животни зад стакло, но сепак се` уште никој сериозно не се занимавал со оваа идеја. Ова е делумно поради тоа што луѓето се` уште го немаат населено целото копно, па да има потреба да размислуваат за вакви преселби.
Повеќето од копното на Земјата не е густо населено и затоа повеќето од копното не размислува на вакви решенија. Од друга страна, јапонците редовно имаат проблем да најдат простор за живеење поради нивниот огромен број, а ограничениот простор кој го имаат на нивните острови. Затоа не е ни чудно што шема за таков подводен град дојде од јапонска компанија, наречена Shimizu.
Од Shimizu тоа го замислуваат на начин што главниот дел од „градот“ е претставен од една купола која има стакла и метална конструкција и низ неа се гледа океанот. Таа треба да е врзана за дното со помош на сидро во облик на спирала. Оваа купола треба да е 800 метри во дијаметар и во неа да можат да живеат околу 5.000 луѓе. Во куполата треба да има хотели, станови за живеење и комерцијални простории.
Според Shimizu, „Околу 70% од површината на Земјата е покриена со океан, а пак океанот е 80% длабока вода. Длабоката вода нуди огромен потенцијал за осигурување ефективни и соодветни циклуси и процеси во Земјината биосфера. За жал, имаме уште дур да го искористиме овој потенцијал. Овој голем концепт ја употребува предноста на бесконечните можности на длабоката вода преку вертикално поврзување на воздухот, површината на морето и дното на морето“.
Ваквиот концепт на подводен град е навистина интересен, иако се` уште не толку потребен. Друго што е интересно е што оформувањето на ваков „град“ би наликувал на онаа населба која Елон Маск ја замислува да се оформи на Марс за некоја деценија во иднината. Практично, оформувањето е слично – пробивање на непогодна средина за човеково живеење и нејзино модифицирање преку затворени објекти да стане погодна. Останува да видиме како ќе се развива овој проект во иднината и дали јапонците преку ваквите проекти конечно ќе најдат решение за пренаселеноста.
Извор: From quarks to quasars, DesignBoom