Од денес, за сите Телеком корисници кои во моментов се наоѓаат на Блискиот Исток (Израел, Катар, ОАЕ, Саудиска Арабија) е активиран бесплатен роаминг пакет од 10 GB, со важност од 7 дена, односно заклучно со 9 март 2026.
Пакетот им овозможува на корисниците да останат во контакт со своите најблиски, без дополнителни трошоци за интернет сообраќај во роаминг.
Со оваа одлука, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон грижата за корисниците и обезбедувањето сигурна и достапна комуникација тогаш кога е најпотребно.










































