Фото: Samsung

Скопје, 9 февруари 2026 година – Во италијанскиот култен олимписки стадион „Сан Сиро” во Милано за свеченото отворање на Олимписките и Параолимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026 се собраа повеќе од 75.000 посетители и 3.500 спортисти. На преполниот стадион полн со енергија, најмоќните моменти често прелетуваат за миг. Оваа година, благодарение на објективот на Galaxy уредите, минливите моменти беа доловени и пренесени надвор од ѕидовите на стадионот.

Спортистите ги овековечија овие уникатни моменти од Церемонијата за отворање со Олимпиското издание на своите Samsung Galaxy Z Flip7 (Samsung Galaxy Z Flip7 Olympic Edition) уреди. Од нивното прво појавување среде громогласниот аплауз, па сѐ до прославувањето со соиграчите, овие специјални моменти од Парадата на нациите беа споделени од светската сцена од поблиска, полична перспектива.

Како Светски Олимписки и Параолимписки партнер, Samsung соработуваше со Олимпискиот Сервис за пренос во живо (Olympic Broadcasting Services – OBS) и вклучи 26 Samsung Galaxy S25 Ultra уреди низ целиот стадион, доловувајќи ги сите случувања на теренот, од трибините па сѐ до внатрешноста на тунелите низ кои поминуваа спортистите, заедно со конвенционалната опрема за пренос во живо.

Од Церемонијата за отворање, до важните работи кои се одвиваат зад сцената, Samsung ја користи мобилната иновација за да ги зближи спортистите и фановите во секој момент, внесувајќи иновација во одбележувањето на Зимските Олимписки Игри.