F63A1039

Baselworld, Швајцарија, 19-ти март 2015 — TAG Heuer, Google и Intel го објавија партнерството за лансирање на швајцарски „Smartwatch“ засилен со Intel технологија и Android Wear. Овој подвиг означува нова ера на соработки помеѓу швајцарските произведувачи на часовници и Силиконската долина, донесувајќи ја меѓусебната респектибилна експертиза за производство на луксузни часовници, софтвер и хардвер.

Соработката се официјализираше на Baselworld, за време на конференција за новинари одржана во вторник, 19-ти март на саемскиот простор на TAG Heuer. JeanClaude Biver, претседател на „Watch Division LVMH Group“ и извршен директор на TAG Heuer, David Singleton, директор за инженеринг за Android Wear и Michael Bell, корпоративен потпретседател и генерален менаџер на Intel’s New Devices Group, се придружија на сцената.

Заедно, овие компании ќе креираат производ што е луксузен и поврзан со секојдневниот живот на корисникот – кулминација од иновација, креативност и дизајн од Silicon Valley во California и Watch Valley во La Chaux-de-Fonds, Швајцарија.

Швајцарското производство на часовници и силиконската долина е спој на технолошки иновации со кредибилитетот на производителите на часовници. Нашата соработка овозможува богато поле на синергија, формирајќи „winwin“ партнерство, потенцијалот на трите наши компании е енормен,“ кажа JeanClaude Biver.

Guy Sémon, генерален менаџер на TAG Heuer додаде: „Квалитетот на швајцарските часовници е светски познат. Кога ќе се обедини со креативната технологија и глобалната моќ на две компании како Intel и Google, користејќи ја Android Wear платформата, базирано на Intel технологија, можеме да направиме револуција во нашата индустрија, на што сум горд пионер денес со TAG Heuer.”

David Singleton истакна, „Со спојувањето на убавината со технологија, швајцарскиот часовник инспирираше генерации на уменици и инжинери – вклучувајќи не и нас во Google. Затоа, воодушевени сме што работиме заедно TAG Heuer и Intel за да донесеме уникатен спој на емоција и иновација до пазарот на луксуз. Заедно, користејќи ја Android Wear платформата, можеме да замислиме подобар, поубав, „попаметен“ часовник.

Како што работиме за да овозможиме искуствата со технологијата да овозможат поголема корисна вредност на луѓето, Интел е сигурен дека колективниот пристап ќе инспирира нови иновации во „wearable“ технологијата. Соработката TAG Heuer и Google не носи поблиску до остварувањето на визијата за „wearable“ технологија со „smartwatch“ што ја издигнува категоријата,” забележа Michael Bell.

За TAG HEUER

TAG Heuer, авангардниот производител на швајцарски часовници од 1860 отсекогаш ги турка границите уште понапред, со инвенцијата на извонредни часовници и хронографи за оние кои сакаат да го предизвикаат конвенционалното. Овој технички „know-how“ се негува во раните фази за постигнување на екстремна прецизност кај контролата на време. Долгогодишните партнерства со мото трките и елитни спортисти ја означува тимската работа, храброста за предизвици и ризик, што го водат TAG Heuer секогаш подалеку од ганиците на индустријата. Идентитетот на брендот е интимно поврзан со принципот на анти-конформизам уште од основањето. Слоганот „#Dontcrackunderpressure” е многу повеќе од само фигуративен: тоа е состојба на умот. Дополнителни информации за TAG Heuer се достапни на presscorner.tagheuer.com/

За Google

Google е глобален лидер во технологијата фокусиран на подобрување на начинот на поврзување на корисниците со информации. Иновациите на Google за пребарување на интернет и адвертајзинг го направија нивниот веб-сајт „top internet property“ и брендот еден од најпрепознатливите во светот. Google е заштитена трговска марка на Google Inc. Сите други компании или производи можат да бидат заштитени трговски марки на респектибилните компании со кои се поврзани.

За Интел

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com и за напорите на Интел за “Conflict-free” на http://conflictfree.intel.com.

 

Претходна статијаCubly 3D – Заразна македонска 3Д аркадна игра за Android
Следна статијаДубаи ги објави плановите за изградба на футуристичкиот „Музеј на иднината“