augment-1

На пазарот може да се најдат голем број на футроли направени да го заштитат вашиот уред, како и да му дадат нов интересен изглед. Исто така постојат и голем број на преносни полначи и футроли полначи кои што треба да ви се најдат во ситуација кога сте излезени, а батеријата на уредот е при крај или целосно испразнета.

AUGMENT е футрола која што во основа е наменета да го заштити вашиот iPhone телефон, како и да му даде нов и стилски изглед. Доаѓа посебно или во комбинација со посебен дел кој што е наменет за полнење на телефонот. Она што е интересно кај овој производ е што е одлично дизајниран и функцијата ја врши без големи додатни уреди, обично карактеристично за сличните решенија за полнење на телефоните. Делот за полнење е мал и лесно може да го собере и во вашиот џеб. Доаѓа со батерија со капацитет од 1.200 mAh што овозможува дополнување на батеријата на iPhone за 60%. Капацитетот го пренесува, односно го полни уредот за еден час. Посебната батерија може да се полни посебно, како и заедно со телефонот додека е приклучена на него.

augment-2

Овој уред моментално е во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter и веќе ги има собрано потребните средства за започнување на производство. Цената на комплет футрола и полнач изнесува 55 долари, односно 20 за футролата и 35 за полначот. Моментално се’ уште е достапна посебна Kickstarter цена од 50 долари.

Извор: Techcrunch, Kickstarter

Претходна статијаR2-D2 – Виртуелна тастатура со која што може да пишувате на било која површина
Следна статијаНајдобриот Windows анти-вирус во 2014 според лабораториите на AV-TEST
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.