01-Camera-Restricta-1024x683

Скоро секој ден во нашава сончева земја има по некое зајдисонце или изгрејсонце и скоро секој ден илјадници корисници на социјалните мрежи го сликаат со цел да ги покажат своите уметнички способности. Скоро сите поточно. И кога ќе отвориме социјална мрежа, гледаме иста фотографија од многу различни агли… Со новата Camera Restricta, произведена со 3D принтање, ова нема да биде возможно.

Земете ја за пример фонтаната „Воин на Коњ“. Секој што поминува, ја фотографира и ја објавува на социјалните мрежи. Со оваа камера, тоа нема да можете да го направите. Не, навистина. Ја насочувате кон фонтаната и нема да сака да фотографира. Што е добро, бидејќи поради ова, ќе ви го отвори погледот кон другиот дел од светот. „Непопуларниот“. И на крај ќе завршите со убави, но уникатни фотографии.

03-Photos-Allowed-1024x683

Камерата користи обичен GPS сензор и датабаза на Flickr и Panoramio, за да определи каде фотографира корисникот и дали тоа место е многу популарно. И доколку се случи дека е популарно, нема да ви даде да фотографирате. А колку треба да биде едно место популарно? Па да речеме ако има повеќе од 35 слики на тие две мрежи за фотографии од него, нема да може да фотографирате. Така да, заборавете на селфи на скалите во Capitol. Или во McDonald’s во Грција.

Камерата има и екран кој покажува колку фотографии се сликани на таа локација, со цел да ви го каже очигледното – дека не фотографирате ништо посебно. Посебно, како уникатно, се разбираме.

Но, засега, има два проблеми со камерата. Под број еден, освен GPS сензорот, нема други сензори за насока, како акцелерометри. Така да, ако сте во близина на Воинот на Коњ, а сепак сакате да ги фотографирате градбите околу, апаратот нема да ви дозволи, бидејќи сте на локација која е премногу фотографирана, иако вие сакате да фотнете нешто друго. И уште поважно, апаратот нема сензор во внатрешноста, што значи дека се уште не може да фотографира.

Како и да е, интересен концепт кој можеби нема да го види светлото на денот, но е тука барем да не потсети да ги прошириме видиците на светот и воедно да ја зголемиме креативноста.

05-Hardware-1024x678

Извор: Wired, CNET

Претходна статијаSkype Mojis – Кратки видео клипови за споделување во пораките
Следна статијаHyperloop Technologies доби нов CEO