haven

Безбедноста на домот е број еден грижа на сите семејства кои за да се заштитат од евентуални крадци купуваат скапи врати, брави и системи.

Еден стартап од Нешвил сака целосно да го смени овој пристап на заклучување на врати со својот проект Haven кој се закачува за подот и рамката на вратата. Ова не е конвенционален механизам за заклучување.

Бравата е поставена на долниот дел од вратата, а во овој случај темелите служат како засилувачи на самиот механизам кој се зацрвстува за подот. Со ова од компанијата тврдат дека далеку поефективно ќе се заштити домот или во краен случај забави крадецот кој насилно сака да влезе во објектот.

Проектот го започнал воениот ветеран и експерт во развивање бизниси Alex Bertelli заедно со претприемачот Clay Banks.

– Го изградивме овој систем бидејќи бевме убедени дека мора да има подобар начин да се искористи технологијата за да се заштитат нашите семејства и едноставно не сакавме да бидеме следните жртви – вели Banks.

Создавачите се повикуваат на принципот Internet of things кој им дозволува на сопствениците на домовите безбедно да ги заклучат или отклучат нивните врати преку мобилните уреди користејќи бежични клучеви и притоа да добиваат изветувања доколку има пробивање на системот.

Интересно е што ова ќе биде целосно американски производ произведен од најлон-полимер, челик и алуминиум. Планот на создавачите е да почнат со кампања на Kickstarter овој месец, а производството односно склопувањето на деловите да го прават  во Тенеси.

Извор: HavenlockTechCrunch

Претходна статијаSony претстави нова серија моќен soundbar HT-ST5 со бежичен вуфер
Следна статијаUPP: Футуристички полнач со горивни ќелии