acoldcosmicm

Иако беа направени неколку обиди да се преиначи или побие теоријата за Големата експлозија („Big Bang“), таа засега се смета за најблиска верзија на зачетокот на Универзумот. Научниците постојано ја следат позадинската космичка радијација која се смета дека се создала токму од оваа експлозија и ја анализираат за да пронајдат знаци кои укажуваат на настаните во минатото.

Досега нив ги мачеше една супермасивна „дупка“ која се појавуваше на 3Д мапите од Универзумот кај соѕвездието Еридан. Како што можете да видите на горната фотографија, тоа е една огромна празнина исполнета со непропорционално помалку галаксии и ѕвезди во однос на другите, која е очигледна на небото, а научниците досега немаа објаснување за нејзиното постоење.

Тие шпекулираа со најразлични егзотични теории за нејзе, како што се допир или судир со друг универзум, космички дефект наречен „текстура“, и други. Сите тие бараат невообичаени толкувања за да бидат точни. Сега научниците мислат дека го имаат објаснувањето на овој феномен – се работи за веројатно најпознатата структура во Универзумот која се наоѓа меѓу нас и тоа соѕвездие, и ја блокира радијацијата да стигне до нас, па резултатот е празнина.

Оваа структура е околу 1,8 милијарди светлосни години во дијаметар. Сепак, нека не ве буни името „структура“ – се работи за огромна празнина која со ширењето на Универзумот се „растегнува“ и станува поголема. Кога светлината навлегува во нејзе таа не ја поминува како останатиот дел од вселената, туку губи многу од својата енергија бидејќи и таа бива растегната. На крајот, резултатот е забележаната „ладнина“ на небото.

Универзумот не престанува да не` изненадува и можеме само да се прашуваме што има да ни понуди во иднина од него.

Извор: IFLScience, Phys.org

Претходна статијаШто се тие лебдечки недефинирани објекти кои понекогаш ги гледаме во окото?
Следна статијаМоќното магнетно поле кај црните дупки забележано за прв пат