Фото: Shutterstock.com

Со Android 15, моменталната верзија од овој оперативен систем, Google ги зголемува барањата кои производителите мораат да ги следат доколку сакаат да можат да ги користат мобилните сервиси од компанијата. 

Поточно, доколку производителите сакаат да можат да ги вклучат Play Store и другите потребни сервиси од компанијата, тие ќе мораат да вклучуваат чип за простор на податоци со најмалку 32GB.

Како и досега, останува правилото дека 75% од просторот мора да е достапен за апликации и датотеки од корисникот, односно оперативниот систем не смее да зафати повеќе од 25% од достапниот простор. 

Ова најголема разлика ќе направи за корисниците кои ги купуваат уредите од ниската класа, а според информациите тие не се баш мал процент од корисниците. 

Нивните уреди со оваа новина ќе бидат нешто подобри, односно ќе можат да инсталираат повеќе апликации, како и да чуваат повеќе слики и видеа. 

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаInstagram претстави можност за гледање на Reels заедно со пријателите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.