Со најновото ажурирање на Google Play Services за април, корисниците на Android добиваат новина поврзана со безбедноста, која се очекуваше со пуштањето на Android 16 подоцна во годината. 

Се работи за автоматско рестартирање на уредите кои не се користени одреден период, односно не се користени и се заклучени три дена. По истекот на овој период, уредот се рестартира со што истиот се доведува во таканаречената „Before First Unlock – BFU“ состојба. 

BFU состојбата прави да е доста потешко, скоро и невозможно да се пристапи до податоците од било кој друг, освен корисникот, поради тоа што не функционираат биометриските начини за отклучување, а податоците се шифрирани. 

Корисникот треба да го отклучи телефон, по што тој се враќа во нормално функционирање. 

Ваква заштита за корисниците воведе и Apple минатата година со iOS 18.1 надградбата, а истата функционира на истиот начин и со истата цел. 

Оваа новина корисниците на Android ќе ја добијат со априлската надградба на Google Play Services, а како и секогаш процесот оди постепено. 

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаGoogle веќе нема да ги користи локалните домени за Search
Следна статијаРСБСП со апел за Велигденските празнични денови: Возете одговорно и безбедно
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.