Поради законот за Дигитални Пазари Apple веќе ги одложи дел од новите функции кај iOS 18 за корисниците во Европската Унија, а сега изгледа дека тоа ќе стане нормална практика. 

Една функција која е достапна уште од минатата година се очекуваше да биде дел од iOS 18.4 за корисниците во ЕУ, но истата не е достапна во бета верзиите. Се работи за можноста да се прикажува екранот од iPhone на Mac, а со оглед дека бета тестирањето е при крај, мали се шансите дека оваа функција ќе биде достапна во финалната верзија. 

Пуштањето на iOS 18.4 за сите корисници се очекува веќе од идната недела, односно на почетокот од април, а оваа верзија донесува неколку новини, но не и сега веќе одложеното подобрување кај Siri

Од ова може да се заклучи дека Apple се имаат одлучено да им ги скратат дел од функциите на своите корисници во ЕУ, наместо да мораат да ја овозможат технологијата на која функционираат на трети страни. 

Во основа, европските закони тоа го бараат од Apple, а од компанијата се познати по затвореноста на нивните системи насочена кон најдобро функционирање на нивните производи, а не тие од трети страни. 

Европската Комисија веќе објави листа на функции кои Apple ќе мора да ги отвори за трети страни, но како што гледаме, а и очекувавме, од компанијата попрво ќе ги скратат тие функции, отколку да ги отворат. 

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаСаем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор – заедно градиме поддршка и надеж
Следна статијаСаем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.