Корисниците на Windows 11 кои не се најавуваат со Microsoft сметка, иако од компанијата тоа не го сакаат баш, сега ќе можат да ја користат една од новите функции кои дојдоа со овој оперативен систем.
Делот за „виџети“ сега е достапен и за овие корисници, односно овој дел сега функционира и без Microsoft сметка. Корисниците ќе можат да ја гледаат временската прогноза, како и вестите, а како што ќе стануваат достапни повеќе „виџети“ од трети страни, ќе можат да ги користат и нив.
Засега не може да се каже дека овој дел од Windows 11 е многу популарен, а и корисен. Microsoft во главно моментално овозможува нивни „виџети“, а главниот проблем може да се каже дека е листата со вести кој засега не може да биде тргната.
За во некоја од наредните верзии се најавува можноста да се тргнат вестите, па заедно со поголем избор од „виџети“ од трети страни, овој дел може и да стане корисен и повеќе привлечен за корисниците.