hero_beta_program_large-78dd28ba723aabfbe932cb72bfe24926

Apple пред одреден период започна програма слична на Windows Insider на Microsoft, преку која на сите корисници, не само на програмерите, им овозможува пристап до верзиите од оперативните системи додека се во развој.

Од оваа недела, сите заинтересирани корисници може да ги инсталираат бета верзиите од новите iOS 10 и macOS Sierra. Корисниците може да се регистрираат нивниот компјутер да ги добива овие верзии преку Apple Beta Software Program.

Како и за секоја ваква програма, не се препорачува да биде користена од страна на корисници кои не разбираат доволно во тоа што треба да се направи, а исто така, не се препорачува инсталирање на бета верзиите на главниот компјутер кој се користи за дневните активности.

Корисниците кои ќе ги инсталираат бета верзиите ќе можат да го дадат својот фидбек преку посебно направената апликација за таа намена. Со тоа се помага во дооформувањето на системите до нивното официјално пуштање, со што добиваат и самите компании, а се разбира и крајните корисници.

Инаку, новите верзии од двата оперативни системи од Apple донесуваат повеќе новини.

iOS 10 донесува новини во вградените апликации, а посебно таа за пораки, Messaging. Исто така, Siri се отвора за програмерите кои ќе може да ја искористат во нивните апликации.

Главната новина кај macOS може да се каже дека е неговото име, кое досега беше OS X. Sierra е најновата верзија која покрај промена во името ја донесува Siri за десктоп корисниците, подобрување во Continuum функцијата, Apple Pay и повеќе.

Извор: MacRumors, Apple

Претходна статијаMicrosoft Reaserch претстави апликација која креира линкови од се што правите на мобилните апликации
Следна статијаВодич за купување на телефон – дел 2 – евтини и квалитетни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.