Марк Гурман веќе најави дека оваа година може да се очекуваат поголеми промени кај оперативните системи од Apple, до некаде и како замена за слабиот напредок на функциите со генеративна вештачка интелигенција. 

Џон Просер дури прикажа како би изгледале промените кај iOS 19, а од тоа што може да се види, изгледа дел од промените ќе бидат инспирирани од visionOS. 

Сепак, покрај промени кај корисничкиот интерфејс, се најавуваат и функционални промени, па еве сега читаме какви би биле тие кај iPadOS 19. 

Едно од поголемите барања кое го имаат корисниците е iPad уредите да бидат послични со MacBook, односно да им се подобри софтверот кога истите веќе имаат доста моќни процесори и можност за користење со тастатура. 

Марк Гурман сега тврди дека Apple конечно ќе ги послуша корисниците и со iPadOS 19 ќе донесе поголеми промени кои треба да го направат iPad Pro доста посличен со MacBook, односно macOS. 

Ова подразбира промени поврзани со работата со повеќе апликации, менаџирањето на апликациите, а се најавуваат и промени кај дел од апликациите кои се за продуктивност. 

WWDC конференцијата е веќе официјално закажана и ќе се одржува од 9 до 13 јуни, па нема уште многу додека видиме што точно планираат од Apple.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статија„Макпетрол“ е најтрофеен клуб во историјата на карате-спортот на Македонија
Следна статијаNetflix тестира пребарување за филмови и серии со помош на вештачка интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.