Фото: Nothing

Nothing според мене се едни од најинтересните производители на пазарот и штета што не се достапни во продажба кај нас. Од компанијата претставуваат Android смартфони кои кратко кажано, може да се каже дека се направени во стилот и фолизофијата на Apple. 

Од компанијата го најавија пуштањето на четвртата верзија од нивниот Nothing OS, која сега е направена на основа на Android 16. Покрај новините кои се дел од кодот на Android 16, Nothing OS 4 донесува уште неколку свои подобрувања. 

Новата верзија не донесува драстични промени, но затоа донесува мали измени кај дизајнот кои ќе ги забележат корисниците на претходната верзија. Елементите се истакнува дека се поостри, подобро осмислени, а редизајн е направен на часовникот кај „заклучениот екран“, како и контролниот центар. 

Nothing OS 4 донесува подобрувања и кај темниот режим, како и можноста за користење на две апликации во исто време. 

Стандардна и корисна новина е оптимизацијата на апликациите кои треба да се стартуваат побрзо и да функционираат побрзо, а тука се и повеќе мали промени кај прилагодувањата на уредот.

Објавата за новата верзија од Nothing OS е достапна тука

ИЗВОРNothing
Претходна статијаGoogle Chrome станува прелистувач со интегрирана вештачка интелигенција
Следна статијаКонечно може да се каже дека Windows на ARM е успешна приказна
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.