quick-assist

Многумина од нас често наишле на проблемот да треба да објаснуваат на нашите родители како да направат нешто на компјутерот преку телефон, што често донесувало до прилично напнати ситуации. Сега, наместо да објаснувате на телефон, ќе можете да го контролирате тој компјутер од далеку, односно со друг Windows 10 компјутер, преку интернет конекција.

Windows, како и другите десктоп оперативни системи, вакви решенија имаат уште од порано – најпопуларен е Team Viewer. Сепак, оваа можност сега е вградена во оперативниот систем и иако не е лесно воочлива, може многу лесно да и пристапите. За тоа треба само да напишете “Quick Assist” во полето за пребарување до “Start” копчето и да кликнете Enter.

Откако ќе го направите тоа, ќе можете да изберете дали сакате вашиот компјутер да биде контролиран од друг компјутер или пак дали сакате вие да контролирате друг компјутер. За лесно воспоставување конекција, компјутерот кој е контролиран генерира специјален код, кој може да го кажете по телефон или да го напишете на некој од чет клиентите, за „техничката поддршка“ од вашата фамилија да може да пристапи со него.

За да ја користите оваа можност единствено треба да го имате инсталирано последниот Anniversary Update на Windows 10. Опцијата е достапна за сите компјутери и дури и таблети со таа надградба.

Quick Assist е опција која е наменета да го замени Remote Desktop како поедноставно решение за обичните корисници.

Извор: PCWorld, SuperSite Windows, Softpedia

Претходна статијаTeslaCity ќе извади на пазарот сончеви ќерамиди
Следна статијаКритична маса #52: Врти, учи, на точак