watchOS 10, односно наредната генерација од оперативниот систем за паметните часовници од Apple, треба да биде претставен заедно со другите системи на WWDC 2023 конференцијата на 5 јуни.
Од стандардно достапните неофицијални информации кои ги имаме досега, може да очекуваме доста добра надградба, а според Марк Гурман, таа ќе биде најголемата од претставувањето на системот во 2015.
Гурман не дава многу информации, па само истакнува дека може да се очекуваат промени кај корисничкиот интерфејс, но изгледа ќе мора да почекаме до конференцијата за точно да видиме што се ќе биде променето.
Друг извор па најавува дека листата со апликации ќе може да се прикажува во нов стил кој е многу посличен со iOS. Апликациите ќе бидат нареден по три во ред, а ќе може да се организираат и во папки.
Со оглед на тоа што неколку години не гледаме некоја посебна надградба на Apple Watch, покрај претставувањето на Ultra моделот, не е лошо што се најавуваат поголеми промени во делот на софтверот кој исто така е доста важен.