За сите кои ќе одлучат да ја дочекаат 2023 година во мирното окружување на топлиот дом, но и да закрепнат од славeњето следниот ден, стриминг сервисот Pickbox NOW има многу интересни, забавни и инспиративни филмови.
Окарактеризиран како научно фантастична драма, шведскиот филм „Глечер“ се врти околу две лица кои заглавиле во карантин во хотел во текот на смртоносна пандемија. Физичкиот контакт значи смрт, потребна е целосна изолација. Сепак, во човековата природа е да бара заедништво. Што се случува кога морате да избирате помеѓу љубовта и животот?
ПОВЕЌЕКРАТНИ САРКАЗМИ / MULTIPLE SARCASMS (2010)

Габриел Ричмонд е семеен човек со многу добро платена работа. Во последно време, меѓутоа, упорно ги избегнува своите обврски, како дома, така и на работа. Во текот на интроспекција, Габриел одлучува да напише театарска претстава за својот живот и за животот на своето семејство. Целта му е да биде што е можно поискрен, а процесот му се покажува терапевтски зашто по пат размислува за своите животни одлуки и размислува како би го живеел животот ако може да го повтори. Во моментот кога претставата на Габриел конечно почнува да добива конкретен облик, животот почнува да му се распаѓа.
ОД НИКАДЕ / FROM NOWHERE (2016)

Американскиот драмски филм „Од никаде“ се врти околу тројца средношколци на кои им се заканува депортација. Сите тројца се примени во САД со целосна документација, што значи дека сè би требало да биде во ред во однос на имиграцијата. За жал, од низа причини, мораат да му докажат на судијата дека не би требало да бидат депортирани. Сите тројца ученици се многу талентирани и надарени, и САД не би требало да сака да ги загуби. Имаат вешт адвокат кој работи про боно, но за секој од нив ова ќе биде тешка борба.

Овој американски музички филм се врти околу Лесли, која ја игра фантастичната Алиса Рипли, добитничка на наградата Тони. Лесли е домаќинка и професорка по клавир која има повеќе од 50 години, па одлучува да го следи својот сон да стане рокенрол пејачка. Нејзината одлука воопшто не го радува нејзиниот сопруг политичар и нејзината ќерка која се подготвува да тргне на факултет.
ЧУВАРИ НА СВЕТИЛНИКОТ / THE LIGHTKEEPERS (2009)

Сместен во 1912 година во Кејп Код, овој необичен филм го следи светилничарот Сет (Ричард Драјфус) кој се откажал од каков било однос со жените. Плановите му ги замрсуваат две згодни дами кои преку лето се доселуваат во блиската колиба. Носталгично и романтично.
Поминете пријатна вечер со одлични филмови, а Pickbox NOW во посакува среќна Нова година.