Полека се ближи денот на претставување на Galaxy S23 серијата, па поради тоа се зголемува и бројот на неофицијални информации кои стандардно излегуваат пред ваквите настани.
Вчера можевме да ги видиме првите неофицијални слики од наводно промотивен материјал од Samsung. Овие слики ги прикажаа Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra, потврдувајќи ги информациите за изгледот на уредите, а можеа да се видат и новите бои.
Денес нови информации тврдат дека серијата добива зголемување на капацитетот на батериите, зголемување на максималната светлина на екраните, како и подобрено ладење.
Батериите според информациите треба да го имаат следниот капацитет. Кај Galaxy S23 батеријата ќе дојде со капацитет од 3900 mAh, кај Galaxy S23+ со 4700 mAh, а кај Ultra моделот со 5000 mAh. Ова е зголемување од 200 mAh кај двата основни модели, додека Ultra моделот го задржува капацитетот од претходникот.
Полнењето треба да остане исто, односно двата основни модели ќе се полнат до 25W, а Ultra моделот повторно со 45W.
Екранот кај трите модели треба да може да работи до 1750 „nits“, а телефоните наводно ќе добијат и подобро ладење што ќе придонесе до подобри перформанси при подолго користење на телефонот, како на пример при играње игри.
Тоа што треба да донесе најголемо подобрување на перформансите, а посебно за корисниците во Европа, е користењето на Snapdragon 8 Gen 2 чипот во целиот свет.
Galaxy Unpacked настанот се очекува дека ќе се одржи на 1 февруари, но уште чекаме официјална потврда од Samsung.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



