acerphab9_2040.0

Досега, смартфоните со два или три слотови за SIM картички обично беа наменети за пазарите во развој и беа со послаби спецификации. Acer Liquid X2 е меѓу првите модели од високата класа, кој ќе донесе можност за ставање повеќе SIM картички, а притоа ќе има и батерија со огромен капацитет од дури 4000 mAh.

Смартфонот има големина на екранот од 5,5 инчи и Full HD резолуција (исто како кај iPhone 6 Plus), 64 – битен процесор со осум јадра и 2 GB рам меморија, што веројатно ќе биде доволно за брзо работење со вградениот Android 5.0 Lollipop.

Liquid X2 има и импресивни камери и тоа и предна и задна со 13 мегапиксели, идеално за вљубениците во селфи фоторафиите. Исто така, леќата има бленда со вредност од f1.8, што значи дека прима повеќе светлина од околината и ќе може да прави многу подобри фотографии ноќе.

Покрај можноста за користење на три различни SIM картички, Acer Liquid X2 ќе има и друг адут во ракавот за оние кои често патуваат. Имено, батеријата има 4000 mAh, што е повеќе и од некои 7 инчни таблети и со сигурност доволно за користење до два дена. А сето тоа е вклопено во прилично тенко и елегантно тело. Acer ќе понуди и специјална футрола, која ќе има отвор преку кој ќе може да се контролира музиката, односно повиците.

IMG_5045-1280x960

Новиот паметен телефон на Acer на пазарите во Азија ќе се нуди за исклучително ниска цена од 200 долари, иако во САД, каде ќе биде првиот смартфон на компанијата, односно во Европа, ќе биде малку поскап. Сепак, со оглед на перформансите и можностите кои ги нуди, а особено огромната батерија, ова не е висока цена.

Покрај Liquid X2, Acer го претстави и првиот Windows Phone паметен телефон, наменет за пазарите во развој. M220 има двојадрен Snapdragon 200 процесор, 1 GB рам меморија, задна камера со 5 мегапиксели, предна камера со 2 мегапиксели и екран со дијагонала од 4 инчи и резолуција од 800х480 пиксели. Главен адут на Windows Phone смартфонот е цената од само 79,99 долари, како и можноста за надградба на Windows 10, кога ќе биде достапен летово.

acerliquidm220black

Извор: TechnoBuffalo, Engadget

Претходна статијаАмериканската компанија Blink ќе нуди домашни очни тестови
Следна статијаLenovo K80 – Еден од најмоќните смартфони со 4 GB рам и батерија од 4000 mAh