Додека корисниците чекаат Microsoft да претстави телефон од високата класа, веќе неколку пати можевме да видиме модели од најниската, наменети за земјите во развој, како и корисниците кои што првпат купуваат паметен телефон.

Претставувањето на уреди од ниската класа може да е и логична стратегија на Microsoft во време кога сака нивниот оперативен систем да биде прифатен од што повеќе видови на корисници. Како и да е, појак модел се очекува да биде претставен во некој од наредните настани закажани за првата половина од оваа година.

Lumia-532_feat

Денеска Microsoft ги претстави Lumia 435, првиот телефон од оваа 400 серија, како и Lumia 532 кој што доаѓа и во верзија со две SIM картички. Најинтересната работа кај овие телефони е нивната цена која што е досега најниска за еден Lumia телефон. Lumia 435 ќе се продава по цена од 69 евра, додека Lumia 532 за 79. Овие цени е нагласено дека ќе варираат зависно од земјата и операторот, меѓутоа од нив може да се види точно кој е таргетот на компанијата со нив.

Двата модели доаѓаат со во главно истите карактеристики, а се разликуваат само во неколку. Па така, тие вклучуваат 4 инчни WVGA екрани со резолуција од 800 x 480 пиксели и нивна густина од 233 ppi. Двата уреди доаѓаат со 1GB RAM меморија, како и 8GB внатрешна меморија за складирање со можност за вклучување на SD картица до 128GB.

FEATumbrella

Разлика помеѓу двата модели има во процесорот и задната камера. Lumia 435 доаѓа со двојадрен Snapdragon 200 процесор кој работи на 1,2 GHz, додека Lumia 532 со четири јадрен Snapdragon 200 процесор кој работи на исто така 1,2 GHz.

Камерата на послабиот модел е со 2 мегапиксели, а кај Lumia 532 со 5 MP. Предните камери се исти и разбирливо VGA. Батериите се со капацитет од 1560 mAh.

Двата модели работат на најновата верзија од Windows Phone оперативниот систем, односно Lumia Denim.

Извор: Lumia Conversations

Претходна статијаБактериите се можна замена на нафтата како извор за хемиски деривати
Следна статијаПретставен Facebook At Work , во почеток достапен за избрани компании
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.