Информациите кои ги имаме досега за Pixel Fold, првиот уред на преклоп од Google, кажуваат дека тој конечно, после години на најава, треба да биде претставен на 10 мај во рамките на Google I/O конферецијата.
Дополнително, CNBC излезе со информации дека Pixel Fold треба да го има најиздржливиот механизам за преклоп на пазарот, да дојде со водоотпорност и димензии на екраните од 5,8, односно 7,6 инчи.
Од тоа што досега можеше да се прочита делува дека Google ќе го направи чекањето на корисниците да вреди, а конкурентите би требало да бидат загрижени.
Додека го чекаме претставувањето, ако навистина се случи идниот месец, сега го имаме и првото видео од Pixel Fold, барем така тврди Kuba Wojciechowski, иако од видеото тоа не може да се потврди.
Доколку го сметаме видеото за навистина од Pixel Fold, тогаш изненадуваат големите рамки околу внатрешниот екран. Не е јасно зошто од Google би се одлучиле за вакво нешто, освен можеби да уредот личи повеќе на класичен таблет компјутер кога е отворен.
Друго нешто не може да се види од краткото видео, освен тоа дека форматот кој се најавува за уредот изгледа точен, па Google ќе претстави уред на преклоп кој ќе може доста лесно да се користи и како класичен смартфон.