По вклучувањето и на мобилните телефони во тестирањето на Windows 10, преку новата Windows Insider програма, бројот на поддржани телефони беше многу мал. Тоа ги остави голем број на корисници разочарани и без информација кога поддршката ќе биде проширена.
Листата на поддржани телефони беше составена од Lumia 630, 635, 636, 638, 730 и 830 моделите. Причината поради која што само овие телефони добија можност да го инсталираат Windows 10 беа партициите кои што се поставени различно кај секој модел, поради што оперативниот систем не може да биде инсталиран.
Од Microsoft најавија дека работат на решение за проблемот во форма на код кој што треба да овозможи динамична промена на партициите кај телефоните при процесот на надградба.
Главниот на Windows Insider програмата Gabe Aul преку блогот на Windows информира дека кодот кој што го имаа спремано е готов и дека од наредната верзија (build) од Windows 10 Technical Preview за мобилните, бројот на телефони кои што ќе можат да ја инсталираат е значително зголемен. Точна дата на пуштањето на наредната верзија од оперативниот систем не е дадена, па се очекува некаде во периодот од наредните недели.
Листата на поддржани телефони од наредната верзија од Windows 10 ги вклучува следните модели:
- Lumia 1020
- Lumia 1320
- Lumia 1520
- Lumia 520
- Lumia 525
- Lumia 526
- Lumia 530
- Lumia 530 Dual Sim
- Lumia 535
- Lumia 620
- Lumia 625
- Lumia 630
- Lumia 630 Dual Sim
- Lumia 635
- Lumia 636
- Lumia 638
- Lumia 720
- Lumia 730
- Lumia 730 Dual SIM
- Lumia 735
- Lumia 810
- Lumia 820
- Lumia 822
- Lumia 830
- Lumia 920
- Lumia 925
- Lumia 928
- Lumia ICON
- Microsoft Lumia 430
- Microsoft Lumia 435
- Microsoft Lumia 435 Dual SIM
- Microsoft Lumia 435 Dual SIM DTV
- Microsoft Lumia 532
- Microsoft Lumia 532 Dual SIM
- Microsoft Lumia 640 Dual SIM
- Microsoft Lumia 535 Dual SIM
Листата нагласува Aul не треба да се смета за 100% финална, односно при тестирањето во наредните недели можно е тргање или додавање на некои модели. Како што можете да видите во листата го нема популарниот Lumia 930 за кого што се пронајдени дополнителни багови кои што треба да бидат исправени пред да биде вклучен.