zapocni-kariera

Која е целта на Brainster?

Главната цел на Brainster е да им овозможи на луѓето да ja најдат и добијат работата која ја посакуваат.

Токму затоа, покрај курсевите и академиите кои континуирано ги нуди, а преку кои може да ги развиете вештините кои се најбарани и најактуелни на пазарот на труд, Brainster сега ја лансира својата нова платформа, наречена „Brainster Кариера. Идејата на оваа платформа е да ги поврзе талентите со иновативните компании, нивните потенцијални работодавци.

Што претставува „Brainster Кариера“?

Brainster Кариера“ е онлајн платформа која на едно место ви нуди кариерно советување, идентификување на вашите потреби за доедукација, како и директно поврзување со компаниите кои имаат потреба од таленти.

Тоа што Brainster ви го овозможува со овој side-project не е само брзо учење и стекнување со нови вештини, туку континуирана поддршка низ целиот циклус на вработување. Почнувајќи со препознавањето на вашите потреби, преминувајќи на ваша едукација и засилување на потребните работни вештини, па сè до директно поврзување со компаниите, вашите потенцијални работодавци.

untitled-design-4

Кој стои позади „Brainster Кариера“?

Платформата е производ на здружените сили на тимот на Brainster и тимот на SolutionsBit . SolutionsBit е една од успешните приказни кои се појавија како резултат на курсевите на Brainster. Супер-инспиративната приказна за тоа како дојде до соработката со SolutionsBit ја оставаме за некоја наредна прилика.

Како функционира платформата?

Платформата е едноставна и целосно бесплатна за користење. Најпрвин, компаниите ги објавуваат своите отворени работни позиции во една од следните категории: технологија, маркетинг, дизајн, бизнис, пракси и remote. Од друга страна пак, посетителите се регистрираат на категориите кои се совпаѓаат со нивните интереси.

kariera-web-strana

Регистрираните корисници, покрај бесплатното онлајн кариерно советување, еднаш во неделата ќе добиваат прегледна листа на сите отворени позиции од одбраните категории, директно во нивното емаил сандаче.