MAREA-Cable

Microsoft и Facebook се „здружија“ со цел изградба на нов кабел кој ќе ги спои САД и Европа низ Атлантскиот океан. Кабли низ океаните не е ништо ново, меѓутоа со зголемувањето на бројот на интернет корисници, како и капацитетот и барањата на онлајн сервисите, изградбата на нови поврзувања секако не е непотребно.

За изградба на кабелот е ангажирана компанијата Telxius, компанија во сопственост на познатата телекомуникациска компанија Telefónica. Кабелот, кој е наречен MAREA, ќе се протега на должина од 6.600 километри, а ќе и огромен капацитет од 160 тера бити во секунда.

Изградбата се очекува да започне оваа година, а ќе започнува од градот Вирчинија Бич во САД, а треба да се поврзе со Билбао во Шпанија до крајот на 2017. Од компаниите се најавува дека се планирани и посебни краци кон други краеви од светот.

Потребата од една ваква инфраструктура за компании како Microsoft и Facebook не е воопшто чудно. Facebook е најголемата социјална мрежа и секојдневно опслужува повеќе од милијарда корисници.

Microsoft од друга страна работи со сервиси во облакот како што се Azure, Office 365, Skype и слични, па зголемувањето на капацитетот на можноста за поврзување со нивните корисници е клучна.

“Со цел подобро да им служиме на нашите клиенти и да обезбедиме сигурна и со ниска латентност конекција каква што заслужуваат, ние продолжуваме да инвестираме во нови и иновативни начини за постојана надградба и на Microsoft Cloud и глобалната интернет инфраструктура”, вели Френк Реј од Microsoft. “Ова претставува важен нов чекор во градењето на следната генерација на инфраструктура на Интернетот.”

Извор: Microsoft, The Verge, TechCrunch

Претходна статијаHTC престанува со производство на Nexus 9
Следна статијаZTE го претстави Axon 7 – телефонот со најдобар звук во високата класа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.