Патент апликација поднесе од Apple до американската USPTO, открива одлична идеја која како и за сите вакви патенти, не можеме да знаеме дали некогаш ќе ја видиме како дел од некој производ.

Во апликацијата се прикажува футрола, како таа за AirPods слушалките, но со екран на допир од едната страна. Со тоа, оваа футрола станува многу повеќе од мала кутија во која се чуваат и полнат слушалките, па корисниците би добиле повеќе функции од истата.

Како пример за што би можело да се прави преку футролата, секако се дава можноста за контролирање на музиката која се слуша, како основна функцијата на ваквите производи.

Покрај оваа можност, преку футролата би можело да се има пристап до контактите и телефонските повици, до имејл пораките, камерата на телефонот, календарот, како и виџети за временската прогноза и слично.

Според некои, Apple на некој начин доколку ја претстави официјално ваквата футрола, би го вратил познатиот iPod за корисниците, односно би била најблиску до iPod Nano.

Како што кажавме, поголемиот дел од патент апликациите не стануваат дел од некој производ, барем не во истата форма, па не би можеле да знаеме дали некоја од идните AirPods слушалки би можеле да дојдат со една ваква унапредена футрола.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаInstagram овозможи зачувување на објави заедно со пријателите
Следна статијаСлики од Roomba роботската правосмукалка биле споделувани на друштвените мрежи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.