Скопје, 10 април 2025 г – Samsung Electronics објави дека ја лансира Bespoke AI Jet Lite, полесен и покомплетен модел на правосмукалка, која ја гради успешната основа на претходникот во својата линија на безжични stick правосмукалки.
„Во Samsung постојано бараме решенија кои се одлични за секојдневно чистење,“ изјави Џеонг Сеунг Мун (Jeong Seung Moon), извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој на одделот за дигитални апарати во Samsung Electronics. „За да ги задоволиме се поразновидните потреби за чистење во модерните домови, оваа stick правосмукалка е дизајнирана да нуди моќно вшмукување и напредни AI функции во полесна форма.“
Помала тежина, моќно вшмукување
Новата Bespoke AI Jet Lite е дизајнирана да биде полесна, со тежина од само 1.45 кг во рачен режим – што е намалување од 23% во споредба со претходниот модел. Благодарение на својот лесен дизајн, корисниците лесно можат да чистат тешко достапни места како што се врвовите на орманите, ролетните, таваните и ѕидовите. Дури и со приклучокот за четка, уредот останува под тежина од 3 кг, обезбедувајќи лесно маневрирање за севкупно чистење низ целиот дом.
И покрај намалената тежина, производот е опремен со HexaJet мотор кој ротира со брзина до 140.000 обрти во минута, создавајќи моќно вшмукување до 280W. Импресивната моќ на вшмукување ѝ дозволува на правосмукалката да постигнува извонредни резултати кога се користи самостојно за чистење, но може да се користи и во комбинација со робот правосмукалка за навистина сеопфатно искуство при чистењето.
Дополнително, надградената AI функционалност ја подобрува удобноста при искуствата со чистење. Врз основа на Samsung AI Optimum Tech, AI Cleaning Mode 2.0 може да класифицира повеќе средини за чистење, како што се типови на теписи со долги или кратки влакна — како и ќошиња — преку детектирање на оптоварувањето на четката и притисокот на воздухот на вшмукување. Потоа, автоматски ги прилагодува поставките, како што е моќта на вшмукување, за да обезбеди исти перформанси како во Mid режимот, додека истовремено го намалува користењето на батеријата за 14% и го зголемува маневрирањето за 8%.

Напредни хигиенски функции
Bespoke AI Jet Lite гарантира чиста и свежа домашна средина со своите напредни хигиенски функции. Тие вклучуваат HEPA филтрациски систем, кој е подобрен со четири-слоен филтер за ситна прашина и оптимизирано запечатување на машината за ефективно вшмукување дури и на најситните честички прашина. Ова им овозможува на корисниците да дишат почист воздух додека смукаат, намалувајќи ја нивната изложеност на прашина во воздухот. Покрај тоа, нејзиниот резервоар за прашина и деловите на мулти-циклонскиот систем целосно се мијат, така што корисниците лесно можат да го одржуваат чистењето, обезбедувајќи хигиенско и свежо искуство.
За дополнителна удобност, All-in-one Clean станицата обезбедува беспрекорен и хигиенски начин за празнење на резервоарот за прашина додека правосмукалката автоматски се полни. Благодарение на својот мулти-слоен филтрациски систем, кој задржува 99.999% од честичките прашина, станицата ефикасно го празни резервоарот без да ослободува прашина.
Нов додаток во широка понуда на правосмукалки на Samsung
Bespoke AI Jet Lite е дел од разноликата понуда на правосмукалки на Samsung за оваа година, која ја вклучува и Bespoke AI Jet Ultra, најмоќната безжична stick правосмукалка на светот, како и најновата правосмукалка и робот џогер, Bespoke AI Jet Bot Steam Ultra.
Овие нови производи го одразуваат ангажманот на Samsung за обезбедување персонализирани искуства при чистење кои одговараат на широк спектар на преференции на потрошувачите. Потрошувачите кои бараат моќна безжична stickправосмукалка со AI функционалности можат да го изберат моделот со максимална моќ, Bespoke AI Jet Ultra, кој нуди до 400W моќ на вшмукување. Тие кои преферираат полесен модел можат да се одлучат за Bespoke AI Jet Lite, кој нуди до 280W моќ на вшмукување.
Покрај серијата Bespoke AI Jet, Samsung нуди целосна понуда која вклучува модели како што се Jet 95, 85 и други. Секоја серија има разновидни специјализирани решенија за чистење, како што се Spray Spinning Sweepers, Clean Stations и различни конфигурации на четки, овозможувајќи им на потрошувачите да изберат идеална правосмукалка за уникатните потреби на нивниот дом.