Скопје, 24 март 2025 г. – Samsung Electronics го најави глобалното лансирање на својата најнова линија на паметни фрижидери, зацврстувајќи ја визијата „Екрани насекаде“ претставена на CES 2025. Ова проширување вклучува воведување на 21,5-инчен Family Hub екран кај Side by Side фрижидерите.
„Со понуда на широк спектар на фрижидери според тип и големина на екрани, ги прошируваме изборите за да ги задоволиме различните потреби на домаќинствата,“ изјави Џеонг Сеунг Мун (Jeong Seung Moon), извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој во одделот за дигитални уреди на Samsung Electronics. „Потрошувачите добиваат поголема флексибилност при изборот на дизајн на фрижидер, додека истовремено уживаат во искуството на паметниот дом базиран на AI што го нуди Samsung.“
Попаметен начин за управување со домот, семејната комуникација и забавата
Новите фрижидери на Samsung интегрираат интуитивен 21.5-инчни Family Hub екрани, дизајниран да го унапреди секојдневниот живот на корисниците.
Покрај што обезбедуваат информации за корисниците на прв поглед, екраните исто така ја подобруваат поврзаноста со паметните домови. Најновите напредни функции овозможуваат подлабока интеграција во екосистемот на паметни уреди, претворајќи го фрижидерот во централен хаб способен да управува со поврзаните уреди низ целиот дом. Со интеграцијата на Map View, корисниците можат да ги следат и контролираат уредите на Samsung, па дури и уредите за паметен дом од други производители, како што се паметни светилки и приклучоци. Тука е и SmartThings Energy, функција што им помага на корисниците да ја следат и оптимизираат потрошувачката на енергија, овозможувајќи поголема ефикасност во секојдневието. Интуитивниот екран овозможува пристап до обемни информации за домот, а корисниците исто така можат да даваат гласовни команди преку Bixby.

Новата функција Daily Board ги информира и поврзува сите. Сместен во срцето на домот, екранот на фрижидерот прикажува информации во реално време во текот на целиот ден — било да станува збор за утринската временска прогноза и агендата пред одење на работа, или извештаите за дневна потрошувачка на енергија навечер. Корисниците можат лесно да пристапат до својата дневна агенда преку гласовни команди и да добијат персонализирани одговори. Со препознавање на гласот на секој член од семејството и соодветно одговарање, Bixby ќе служи како корисен асистент за целото домаќинство и за секој поединечно. Дополнителните семејно-ориентирани функции вклучуваат заедничка галерија за чување на драги спомени и календар кој помага во секојдневното планирање.
Најновите фрижидери на Samsung ја редефинираат забавата во кујната, овозможувајќи им на корисниците да останат ангажирани додека готват или поминуваат време со семејството. Со интеграцијата на Spotify, корисниците можат директно од фрижидерот да слушаат омилена музика или подкасти. Функцијата SmartView Mirroring овозможува беспрекорно споделување на екранот од паметните телефони или телевизорите на Samsung, додека галеријата им дозволува на семејствата да прикажуваат омилени фотографии, додавајќи лична нота во кујната.

Следната генерација на ладење
Side-by-Side фрижидерот нуди 21.5-инчен Family Hub екран. Овој модел, со врата што автоматски се отвора широко, овозможува полесен пристап до складираните намирници и е дизајниран за корисници кои даваат приоритет на едноставен пристап и организираност. Одредени европски модели се опремени со Hybrid Cooling технологија за одржување на свежината преку спречување на температурни флуктуации.
Сите овие фрижидери доаѓаат со функцијата AI Energy Mode, која им овозможува на корисниците да ја намалат потрошувачката на енергија за до дополнителни 10%. Корисниците можат да изберат дали оваа функција ќе биде секогаш активирана или само кога сметките за струја се очекува да го надминат однапред зададениот праг.
Со овие најнови иновативни решенија, Samsung продолжува да ги поместува границите на поврзаната кујна, трансформирајќи го фрижидерот во интелигентен хаб кој го унапредува управувањето со храна, интеграцијата со паметниот дом и забавата. Преку беспрекорно спојување на погодноста базирана на вештачка интелигенција со енергетска ефикасност, Samsung го редефинира начинот на кој корисниците комуницираат со своите апарати и ја претвора иднината на паметниот дом во реалност.