Google објави дека ја пушта за сите корисници во светот нивната „Preferred Sources“ функција во Google Search.
Како што може да се заклучи од самото име на функцијата, истата на корисниците им овозможува да ги изберат изворите од кои им се прикажуваат резултатите при пребарување.
Тука се мисли дека резултатите кои се поврзани со новости, односно статии, а не се мисли на пребарувањата кои се поврзани со одредени производи и слично.
Како што сигурно имате забележано, Google Search ги прикажува резултатите од статии во форма на „Топ Приказни“, а ова е делот кој сега може да се прилагоди.
Со притискање на новото копче до „Топ Приказни“, корисниците можат да изберат од листа од извори кои би сакале да им се прикажуваат, како и да додадат самите извор во листата.
Овој избор ќе значи дека Google ќе ги прикажува овие извори повеќе за корисниците, а останатите извори ќе бидат поместени подолу во резултатите.
Оваа новина станува достапна сега во целиот свет, но само за англиски јазик, а се најавува дека од идната година ќе биде додадена и на другите јазици од корисниците.











































